македонски јазик англиски јазик

СОВРШЕНИ ЗАБИ - ПРОИЗВОД НА НАШАТА СОВРШЕНА ЗАБНА ТЕХНИКА

Во далечната 1991 година, Илче Донев со поддршка на неговата сопруга Лојза Донева, воден од својата визија да создаде заботехничка лабораторија во која ќе се изработуваат најсовремените протетски изработки, ја основа ЗАБНА ТЕХНИКА ДОНЕВ ИЛЧЕ. 25 години постојана борба со времето, новите технологии и постојана работа и усовршување со цел да се создадат што посовршени протетски изработки. Денес нашата техника располага со најсовремена дигитална CAD CAM опрема. Во нашиот милинг центар се обработуваат сите материјали како CoCr, Ti, Zi и др. Располагаме со TERMOPRESS систем за мобилни изработки. Во нашата работа се користат материјали од сите водечки светски фирми како: INTERDENT, KAVO, BEGO, DEGU DENT, VITA, IVOCLAR, BREDENT, CE-KA, и др.

Со секојдневна примена на модерната технологија во комбинација со најдобрите материјали се трудиме да направиме што повеќе насмевки и на нашите соработници да им обезбедиме целосна поддршка со гаранција за нашиот квалитет.

Задоволните клиенти се доказ за нашиот успех, наша лична сатисфакција и голем мотив да продолжиме со нашата работа.

ВИСОКО КВАЛИФИКУВАН ПЕРСОНАЛ ГИ ИЗРАБОТУВА ВАШИТЕ ЗАБИ ПО НАЈВИСОКИ КРИТЕРИУМИ

image

НАУМ ДОНЕВ

image

МАРКОСКИ ДИМЧЕ

image

СТЕФАН КОЛАРОВ

image

ТОНИ ДИШЛИЕСКИ

СЕРТИФИКАТИ

НАШИ СОРАБОТНИЦИ